Загадувањето во сенка на пандемијата,екологистите реагираат дека требаше да се работи на двата проблема паралелено

И оваа година изминува без речиси ништо сериозно направено околу аерозагадувањето. Пандемијата со вирусот проблемот со загаденоста го стави во сенка, но, тоа во никој случај не требаше да биде така, реагираат еколошките здруженија.Загадувањето е сојузник на коронавирусот и најмногу, токму овој период, требаше паралелно да се работи на двете полиња, а не властите да се правдаат дека приоритет им е пандемијата.

И во буџетот за 2021 скратени се многу средства за животна средина,и за министерството и конкретно за активности. Малку е да се каже дека Владата направи недоволно,напротив, направи погрешни чекори, чекори назад во борба со аерозагадувањето ,а со тоа и во борбата со пандемијата.-вели Аријанит Џафери- Еко герила

Амбиенталниот воздух периодов речиси низ цела држава е енормно загаден.Но, и за ваквата слика, нема казни.Барем во Тетово досега апсолутно никој не добил казна,оти според инспекциските служби, немало загадувачи, а воздухот бил почист, споредбено со порано.

Казни немаме пишано, затоа што не се констатирани надминувања на тие испусни гасови на субјектите..сакам да кажам дека за разлика од пред 5-6 години состојбата со амбиенталниот возхух е драстично подобрена-рече Томислав Јоргушевски- Инпсектор за животна средина .

Токму неказнивоста и неефеткивноста на службите резултира со тоа,одредени субјекти да продолжат да загадуваат, оти нема кој да ги казни.Но, не само за нив, казни треба и за инспекторите,бидејќи прогледуваат низ прсти на загадувачите, вели Џафери.

  • Во овој случај треба да се казнуваат инспекторите кои не пишуваат казни, по примање на пријава.Само во момент кога некој инспектор ќе ја загуби работата или ќе добие голема казна,тогаш ќе се опаметат и ќе пишуваат казни за загадувачите кои не трујат секој ден-вели Аријани Џафери- Еко Герила.

Додека народот се гуши во загаденост, а конкретни мерки од властите нема, остануваат препораките на лекарите, да не се излегува безпотребно,особено во периодите кога е најзагадено,а секое слободно време да се користи за престој на планина и чист воздух.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста