Директно вклучени во борбата со епидемијата, изоставени за наградата од 30 илјади денари

Власта за едни мајка, за други маќеа. Вработените во службата за заеднички работи на Клинички кои сeкојдневно  се на првата борбена линија со ковид пандемијата, останаа заборавени од властитите. Ковид наградата од 30.000 денари нема да ја добијат. Зошто ? Никој не знае.Слободан Јаневски кој работниот век го поминал како возач во службата за Алфа раскажува за тоа дека по десетици пациенти позитивни на корона вирус во денот поминуваат низ неговите раце, а за возврат од власта добиле само игнорантски однос.

„Сега е теретот цел на нас. Учевствуваме во внесување во возило изнесување..му помагам и на болничарот пошто сам не може го префрламе на снимање пацинетот.Во се све вклучени а одговор немаме добиено зошти нема парична награда за нас.Дневно имаме по седум осум пацинети, денеска да немам леб да јадам.“ – вели Слободан Јаневски.

Јаневски вели ова не е прв пат, да не бидат наградени.

„Учевствуваме и во “Диво насеље” и тогаш дежуравме преку ноќ и ден. Рекоа дека сите ќе бидат наградени и тогаш ние ништо не добивме. “ – изјави Јаневски.

Дека пари нема и нема да има за вработените во службата за заеднички работи потврди за Алфа и директорката Дардишта. Таа вели, дека досега допис за исплата од ФЗОМ немаат добиено.

“Од МЗ беа децидни дека паричен надоместок ќе има само за медицинските сестри и доктори. Нашите вработени навистина работат на прв фронт со ковид пацинети и сакам да ги добијат тие 30.000 денари. Но нема начин, хендикeпирани сме, не сме добиле таков допис од Фондот за здравство за исплата на овие парични средства.” – вели Дардишта за Алфа.

Дека власта има двојни аршини реагираа неодамна реагираа и матичните лекари, кои исто така нема да добијат ковид парична награда, иако се првите на кои им се обраќаат ковид позитивни пацинети.

Инаку, според последната најава на министерот за здравство предновогодишна еднократна парична помош од по 30.000 денари треба да добијат околу 7.600 здравствени работници од ковид центрите.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста