ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема став за пописот, разногласието кажува дека фалсификатот им е приоритет

Власта да се одлучи кој е нејзиниот став во однос на пописот. Во ист ден владата излезе со став дека го разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за купување на терминали со отпечатоци на прсти за спроведување на пописот, за веднаш после тоа Шеќеринска да излезе со спротивен став дека не го прифаќа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат СДСМ да се одлучи и да заземе став.

-Срамота е владата да нема став во однос на пописот. Ние разбираме дека во СДСМ има внатрепартиска пресметка која резултира со дифузија во ставовите, но СДСМ треба да сфати дека не смеат да ги минираат стратешки важните процеси за државата поради нивните внатрепартиски препукувања. Владата да излезе и да каже кој е кормиларот, Заев или Шеќеринска? Дали став на владата е тоа што ќе изјави Заев преку неговиот портпарол или тоа што ќе го изјави Шеќеринска? И Заев и Шеќеринска мора да сфатат дека пописот е сериозна статистичка операција која и е потребна на државата за спроведување на политики на среден и ма долг рок и како таков мора да биде прецизен и со јасна методологија, а не ток да биде предмет на политички договор. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш предупредува дека нема да признае попис кој ќе се турка еднострано од страна на власта, без поширок јавен консензус, стои во соопштението на партијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста