Заев сепак не е сам – го бранат Зекири, Филипче, Костадинов…

Најблиските соработници единствена поддршка на Заев во моментов, дури и го прогласија за историја првиот претседател и основач на СДСМ, Бранко Црвенковски, откако тој го нападна премиерот за ставовите изнесени во однос на спорот со Бугарија.

Додека историчари, експерти, соборци, поранешни претседатели остро го искритикуваа неговиот став, функционерите на СДСМ велат дека ставовите на премиерот се партиски но и државни.

Со речиси исти објави на социјалните мрежи, се огласија Генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири,портпаролот на партијата Костадинов, министерот за правда Маричиќ, вицепремиерот Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Спасовски.

Знаат граѓаните што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата – пишува Генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири.

Знаат граѓаните кој носи одлуки без разлика на политичката кариера, исклучиво водејќи се од интересот на целиот наш народ и татковината – пишува порпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

И кога пандемијата со коронавирусот ги достигнува сите врвови, министерот за здравство Венко Филипче сепак најде време да застане во одбрана на претседателот на Владата. Тоа што премиерот Заев и неговиот тим го постигнале во досегашните преговори и напредокот во однос на ЕУ интеграциите, според Филипче било за најголема почит. Додека премиерот гази по македонската историја, неговите соработници сметаат дека досегашните политики решиле децениски спорови, и така планираат да продолжат во иднина.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста