Охрид ќе добие пари од државата за отстранување на дивоградбите, план и стратегија-нема


Општина Охрид нема стратегија ниту јасно и прецизно изготвен план за справување со дивоградбите штом пристапот кон спроведување на главната забалешка на Унеско која се однесува на беспаравно изградените објекти, е диригирана од финансиите. Тоа укажува, велат од граѓанската иницијатива Охрид СОС дека не се исполнуваат препоракитенотирани во извештајот на Комитетот за светско наследство на Унеско и оти реално постои  закана нашето светско природно и културно наследство да се најде на листата на загрозени подрачја.

-Со вакво паушално, неодлучно некоординирано и хаотично работење нам ќе ни требаат години додека се отстранат сите плажи, а да не зборуваме за отстранувањето на сите дивоградби кои негативно влијаат врз исклутечната и универзална вредност на Унеско регионот што општината и државата се обрзани да го спроведат во најкус можен рок, изјави Драгана Велкоска-Охрид СОС

Граѓанските активисти го отвораат прашањето, дали се доволни проближно 100-те илјади евра кои вчера Владата и го додели на општина Охрид за имплементација на препораките на Унеско? За ова побаравме конкретен одговор од градоначаникот,но не добивме.Без одговор останаа и нашите прашања кога ќе продолжи долгонајавувана акција и кои точно објекти ќе се рушат ? Градоначалникот Георгиески упорно одбегнува да одговори колку точно има бесправни градби на подрачјето на Охрид ?

-Ова јас го зборувам од првиот ден кога станав градоначалник и стално стварно нема поента и смисла веќе држење на прес конференции за скрос различни теми а повторно се сведуваме на бројот на објекти во Охрид кои што ќе бидат предмет на отстранување, изјави Константин Георгиески-градоначалник на Охрид

Во меѓувреме,парите кои државата му го вети на Георгиески легнаа на сметка на општината, останува да се избере фирма која ќе ја спроведе акцијата што не било така лесно оти тоа било скап процес а ценовниот на фирмите-поприлично солен.

Инаку во моментов се изготвувала урбанистичка документација за плажи која треба да биде готова до почетокот на идната година, за потоа најдоцна во месец март да се распишел нов повик за изадавање на палжите под концесија.Според тоа,најдоцна по почетокот на идната година ќе треба да се продолжи со расчистување на крајбрежјето и објектите кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во Охридско Езеро. Што значи, 4-те атрактивните плажи во срцето на градот,ќе бидат срамнети со земја.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста