Втора жртва од коронавирусот во Македонија

63 годишен маж од Дебар е втората жртва на Ковид 19 во земјава.

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје почина пациент заболен од коронавирус.

-Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на изминатата ноќ нагло се влошила неговата состојба, и веднаш бил ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет, велат од Министерството за здравство.

Ова е втора жртва на коронавирусот во земјава, по 57-годишната жена од Куманово, која почина вчера. На жената двапати и земале брисеви кои биле негативни на корона вирусот. Потврдено било дека е позитивна на болеста посмртно.

Бројот на инфицирани лица со Ковид 19во Македонија рапидно расте .

Според соопштението на Министерството за здравство во последните 24 часа се регистрирани нови 22 случаи со коронавирус.  Со ова, вкупната бројка на заразени се искачи на 136, од кои 1 излекуван и двајца починати.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје
– Дебар (40) – од кои 1 починат
– Штип (7)
– Куманово (3) – од кои 1 починат
– Кавадарци (2)
– Охрид (2) – од кои 1 лице е од Скопје а е во иозлација во Охрид
– Гостивар (1)

-стои во соопштението од Министерството за здравство

Во меѓувреме, околу 235 лица се во државен карантин во Скопје и Демир Капија.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста