Продолжен полицискиот час за дел од граѓаните

Младите дома, постарите и пензионерите на улица. Новите правила за движење не создадоа посебен метеж. Напротив, тивки улици, празни автобуси, нормален проток на возила. Слична слика и пред маркетите каде нема гужва. Повозрасните и пензионерите го користат периодот да ги завршат неопходните обврски.

Сепак сметаат дека ваквите мерки нема да дадат ефект и бараат да се заострат истите.

Инаку, новите ограничувања на движењето се скратуваат за еден час односно наместо до 6 ќе трае до 5 часот наутро.

Владата го забрани движењето на лица кои имаат над 67 години. Тие ќе мора да останат во своите дома од 11 часот предпладне до 5 часот наутро.

Се ограничува и движењето на младите до 18 години. За нив забраната ќе започнува во 21 часот и ќе трае до 12 часот наредниот ден.

Викторија Миткова

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста