Во Собранието има прегрупирања, партии и поединци се незадоволни од Заев

Пармаламентарното мнозинство на Заев се ситни . Во собранието се прегрупираат поединци и групи кои не се задоволни од политиките на власта. ВМРО-ДПМНЕ упорно бара предвремени парламентарни избори заедно со локалните бидејќи, велат ,  има релни и логични економски и политички причини.

Во Собранието се гледа дека има одредени би рекол прегрупирања, има одредени сигнали на парламентарни групи, но и на поединци кои не се задоволни од актуелната власт. Премногу било ветувано, а премалку било реализирано и кон нив, а премногу било ветувано од Заев кон граѓаните на крајот  станале свесни дека се работи за уште една лага. ВМРО-ДПМНЕ работи на тоа оваа власт што поскоро да биде заменета за да може перспективата за Македонија на секое поле да се развие на подобар начин – изјави пратеникот Антонијо Милошоски.

И додека опозицијата смета дека што поскоро треба да се случат парламентарни избори, а најдобриот термин е токму да бидат во ист ден со локалните, премиерот Заев е убеден дека ќе го задржи мнозинството, и дури верува дека е можно негово зголемување. Останува на истиот став дека на есен ќе има локални, но не и парламентарни, да не се направел економски застој поради изборната кампања.

Локални избори заедно со парламентарни нема да има. Ја повикувам секоја партија која што мисли дека треба да има, нека се изасни јавно. Коалиционите партнери – владини и тие што го сочинуваат парламентарното мнозинство апсолутно се на ставот дека во државата треба конечно да има редовни избори – изјави премиерот Зоран Заев.

Премиерот Заев ги повика граѓаните и политичките партии да го поддржат процесот на попишување. Пописот дефинитивно ќе се спроведе од 1 до 21 април а премиерот дебатата ја прогласи за завршена, иако од опозицијата обвинуваат дека процесот уште од самиот старт е политизиран и се работи за однапред договорени проценти. ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со собирање на потписи за фер попис, велат дека тоа ќе биде натпартиски процес каде ќе може да се потпише секој граѓанин кој што сака попишувањето да биде релевантно.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста