Орбан: Мерките на владата се насочени кон заштита на економијата

Мерките на Владата за управување со корона кризата се насочени исклучиво кон заштита на работните места и економијата – истакна премиерот на Унгарија Виктор Орбан. Властите веќе имаат подготвне ашема за поддршка на проблематичните и најзагорезените бизниси, а воведе и одложување на отплатата на кредитите.

Владата презеде половина од трошоците за плати на секторите кои се најмногу погодени од пандемијата, го укина данокот на социјален придонес и го преполови деловниот данок. 223 милиони евра одвоивме за поддршка на бизнисите да се зачуваат 250 000 работни места-рече Орбан.

Планот за поддршка на инвестициите, им помогна на близу 1500 компании, а со тоа се зачувале 280 000 работни места.

Премиерот ги образложи и плановите за вакцинација и економско загрепнување. До крајот на мај, Унгарија може да има повеќе од 3,5 милиони вакцинирани луѓе.

„Сакаме да излеземе посилни од оваа пандемија, посилни од тоа како влеговме во неа, штом Унгарија има пристап до доволно вакцини, Владата ќе почне постебено да ги ублажува ограничувањата“ вели Орбан. Смета дека земјите кои континуирано правеле промени во мерките за заштита од корона вирусот, веќе влегуваат во третиот бран на пандемијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста