Во обид да се спаси, Заев најави „нова метла“ во СДСМ

Ќе чека да го устоличат на конгресот каде што тој е единствениот кандидат за лидер, по што ќе прави чистка во партијата. Заев најави кадровски промени во раководството на СДСМ кои многумина го сметаат како потег за расчистување со неистомислениците во неговата партија.

Вели, по конгресот каде на внатрепартиски избори, кои ги најавува како врв на демократијата, а само со еден кандидат, ќе следувале освежувања.

Првите политики ќе бидат дека шпилот  карти малку ќе се меша во СДСМ. Тоа значи кадровски нови луѓе мора да се појават кои не биле во првиот ешалон на социјал-демократијата во раководството на СДСМ. Да се обноват малку структурите на СДСМ, во такви околности јас очекувам ново политичко освешување – рече Зоран Заев – претседател на СДСМ.

Политичките експерти сметаат дека со ваквите таканаречени освежувања Заев само се обидува да опстане како лидер на партијата, која после четири години владеење е соочена со разни поделби внатре.

Колку и да се обидува да прави чистки, а ќе ги прави затоа што тоа ќе му биде единствениот модел за опстанок, сметам дека данокот ќе мора да го плати на некаков начин. Дали тој начин што ќе го плати како данок што се пресметува со скопското крило ќе биде роварење и негово уривање, кога-тогаш од претседателското место ќе видиме допрва, меѓутоа и да прави, а мора да прави чистка , она што тој го носи како супстракт, како свои соработници многу поинаков имиџ му дадоа на СДСМ од онакво какво што постоеше вели Агим Јонуз – аналитичар.

Јонуз за Алфа вели дека многу интелектуалци од партијата се незадоволни затоа што се оставени во сенка, додека тие му помогнале тој да биде на чело на партијата, и да биде тоа што е.

Сметам дека Заев, јас еднаш дадов една несреќна изјава, реков дека направи сељачка партија, сметам дека и понатаму шмекот на селото ќе остане уште долго во СДСМ-рече Агим Јонуз – аналитичар.

Последната крупна чистка во СДСМ беше во 2019 година, каде смени пет министри: финансии, животна средина и просторно планирање, локална самоуправа, култура и министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста