Ахмети против предлогот на Заев, Гаши не го отфрла, Села не сака јавни повици за формирање влада

Ахмети контра Заев.Коалицискиот партнер на премиерот против идејата за заедничка влада со опозицијата.Лидерот на ДУИ смета дека улогата на опозицијата секаде во светот е да ја критикува владата.

“Опозицијата како и секогаш има за мисија да ги искаже своите забелешки, дури и ако тие не се на место затоа што тоа е улогата на опозицијата не само кај нас туку и во сите напредни демократски земји. Само во посебни случаи тие можат да станат дел од важен процес за земјата. Во спротивно имаат должност да забелешки и да не се согласуваат со парламентарното мнозинство”, рече Ахмети.

Претседателот на Атернатива Африм Гаши пак со поинаков став. Не го отфрла предлогот на Заев. Доколку постои искрена волја да се разговара за редефинирање на моделот на управување, ние сме подготвени да разговараме, вели Гаши за ТВ 21.

Од Aлијанса за албанците за Алфа велат дека не одговараат јавни повици за формирање влада. Очекувале доколку премиерот има такви рамзислувања прво да ги информира партиите, а потоа јавноста. Можно е следната недела по состаноците на партиските тела Алијанса да го разгледа предлогот и да изгради став.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста