Тетовската општина стана и медиум-настани покриваат сами, без присуство на новинари

Сами снимаат материјали од настани и потоа ги објавуваат на социјалните мрежи,без присуство на новинари, и можност за прашања-накратко ова е начинот на комуникација на тетовската градоначалничка со медиумите последниот период.Транспарентоста и отвореноста е на многу ниско ниво, коментираат медиумските работници.Пандемија велат, не може да биде изговор,оти бројни нејзини колеги се достапни секое време, дури и лично на телефон.
- Да се пристапи до градоначалничката последниов период е навистина доста тешко.Веќе на оние настани на кои учествува,не се повикуваат новинарите, па за настаните дознаваме од нејзиниот фејсбук профил.Тое не е добро во секој случај, ниту за нас новинарите бидејќи не можеме да дознаеме дополнителни информации, а не е добро ниту за граѓаните, они се ускратени за една поширока информација и за тој настан, но и други настани кои се важни за градот вели ЗОРАН АНДОНОВ – Новинар во СДК.
Проблемот со транспарентноста не е нов и карактеристичен само за оваа локална власт.Ова е пракса речиси на сите претходни градоначалници. Разочараност од начинот на работа има и кај граѓаните.
Одговорот на оваа тема од локалните власти е дека немало одбегнување на медиуми,а најчесто реагирале оние кои ги одбегнувале локалните настани,несакајќи да губат време.Во последно време вистина е дека на терен не каниме медиуми, но проектите и настаните се секогаш транспарентно објавени на социјалните мрежи, а нашата канцелартија за комуникации достапна во секое време- велат во општина Тетово.
Милена Вучевска