Во градинка во Охрид се врши дезинфекција додека децата се внатре, едно од децата добило воспаление на очите

Фотографијата која осамна на социјалните мрежи,а на која јасно се гледа дека во детската градинка “Росица “ во присуство на деца се врши дезинфекцијата на просториите, предизвика силна реакција кај родителите.Да ни кажеа дека во сред работен ден, во просториите каде што има бебиња и дечиња од 3 до 5 годишна возраст ќе дезинфицираат, ние ќе си ги земевме децата.Нашата соговорничка која сакаше да остане анонимна, сведочи дека кога си го зела детето од градинка, тоа веќе имало симптоми и завршило на лекар.

Детето веќе имаше воспаление на очињата добиено, а потоа му се појави и стомачен вирус да речам, ајде нека биде вирус.Го однесовте на лекар? Да го однесов на матичен лекар тој ми напиша претставка што треба да ја однесам во архивата на градинката да ја заверам и да ги пријавам во санитарна инспекција.Ова не се прави деца кога ќе се во градинка,ова се прави кога ќе е празна градинката, после завршување на работното време и на воспитувачките и на негувателките. И за ова некој мора да сноси одговорност,затоа што се работи за деца мали, недај Боже се’ може да се деси,тоа се тешки хемикалии – вели родител.

Во лекарскиот извештај меѓу друго стои дека детето има наод на алергиско-хемиски ринит.Доколу детето продолжи да се експонира на хемиски агенси има ризик да развие астма.

Но и покрај ова директорката на градинката вели дека тоа било несреќно направена фотографија.

Изјава Мери Рилкова дир.на детска градинка Јасна Ристеска: Се добива впечаток всушност кога ќе се погледне фотографијата дека се прави дезинфекција додека се децата присутни, а реалната состојба е во тој момент децата се изнесуваат од занималната за да се изврши дезинфекција во занималната.

Стануав збор вели таа, за вонредена дезинфекција поттикната од Општина Охрид преку Ј.П.”Охридски комуналец” со сретство за кое тврди дека било билошки разградливо и кое го употребувале секојдневно  за дезинфекција на играчките па дури и за рачињата од децата.Целиот случај е веќе пријавен до соодветните инспекциски служби.

Денеска поднесов соодветна пријава до санитарната инспекција во која таа наредните денови ќе треба да утврди дали е дозволено да се врши дезинфекција во детски градинки во присуство на деца и најважното дали Ј.П. Охридски Коминалец има соодветна дозола односло лиценца да врши  дезинфекција во детски градинки и училишта –  изјави Сашо Донев од ВМРО ДПМНЕ.

Со сооштение се огласија и од општина Охрид,во кое стои дека станувало збор за сретство кое не е штетно по човековотпо здравје.И покрај тоа градоначалникот Георгиески на чиј фејзбук профил осамна фотографијата, експресно ја повлече по лавината реакции од родителите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста