Главниот епидемиолог Краџовски во „медиумска самоизолација“ – дали власта има стратегија за епидемијата која коси?!

Каде е првиот човек на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски? Во време кога британската мутација на ковид19  коси, бројот на заразени расте, Скопје е најголемо жариште, болниците се пред колапс а Македонија нема вакцини – главниот епидемиолог во државата го нема цели три месеци. Иако во меѓувреме го прележа корона вирусот,  Караџовски последен пат го видовме на прес-конференција на 15-ти декември минатата година. Алфа денеска се обиде да стапи во контакт со претседателот на комисијата, го прашавме дали се размислува за нови рестриктивни мерки,  но одговор не добивме.

Зошто толку долго време го нема во јавноста Караџовски од Министерството за здравство само кусо ни одговорија:

Претседателот на комисијата за заразни болести завзема став во јавноста кога смета дека е потребно.велат од МЗ за Алфа.

На прашањето дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки во следниот период – здравствените власти не ја исклучуваат можноста. Неофицијално – полициски час од 17 до 5 часот наутро, од петок до понеделник е една од можните рестриктивни мерки, за крајот на оваа недела, но дали е оваа единствената опција на маса или има и други – се ќе зависи од бројот на заболени и хоспитализирани пацинети во следните денови.

Во Македонија на сила е полициски час од 22 часот до 05 часот наутро. Лoкалите работат до 21 часот. Mикробиологот Никола Пановски вчера изјави дека најдобро решение е да се затворат угостителските објекти

„Се знае каде се шири епидемија. Рестораните, барем според мене, не треба да работат. Од економски причини работат, па плаќаме со болест и животи, а друго е што таму внатре не се почитуваат мерките, бидејќи во кафулињата секојдневно гледате како стојат на коњопои на триесет сантиметри без маски“, вели  Пановски.

За полните кафеани  предупреди и заменик министерот за здравство Илир Хасани кој на Фејсбук напиша дека тоа може скапо да не чини.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста