„ВО ФОКУС“: Средната класа во македонија исчезна како диносаурусите

„ВО ФОКУС“: Средната класа во македонија исчезна како диносаурусите

Враќање на средната класа и подобрен животен стандард во Македонија беше едно од главните ветувања со кои СДСМ дојде на власт. Ветуваа враќање на достоинството на работникот, силна и обемна средна класа,  која не ќе може да се поткупи за глас на избори, што ќе требаше да помогне и за враќање на демократијата.

„Нашата клучна цел е зголемување на доходот на домаќинствата што живеат под долната граница на средната класа или во средната класа, со намера обезбедување на бројна и економски стабилна средна класа“, стои во изборната програма на СДСМ од 2016-та година.

Дали се исполни едно од клучните ветувања? Седум години отако се сместија на „Илинденска“ одговорот е повеќе од јасен – не само што ја снемува средната класа, туку и тие кои порано беа дел од неа , се повеќе осиромашуваат. Ако порано било гордост да сте работник, сега сликата е далеку од розова – работниците не можат да си го прехранат семејството, а камо ли да си дозволат да одвојат денар за одмор,или за билет во театар или кино.

Нашите податоци во ССМ одамна не гледаат средна класа кај најголем дел од граѓаните, имајќи во предвид дека најголем дел се работниците, и имајќи во предвид дека не само ваквите празни ветувања што наидувале работниците и граѓаните туку и наназад се се покачуваше, видовме дека граѓаните се повеќе и повеќе осиромашуваат така што можеби средна класа што имало пред 30-35 години одамна ја нема, вели за Алфа Иван Пешевски од ССМ.

Генерално, за средна класа се сметаат луѓето со сигурни приходи, кои го имаат решено проблемот со домување, можат да си дозволат одмор  и просечен автомобил, а кога ќе ги платат месечните сметки,  треба да им  остане уште една третина од парите за трошење.  Значи ако се потребни речиси 60 илјади денари за да се задоволат минималните потреби, треба да им останат речиси 18 илјади денари – Ова е можно ако двајца родители зароботуваат по една просечна плата од 40 илјади денари, што во Македонија е реткост . 80 проценти од работниците заработуваат до просечната плата

Најголем дел од работниците земаат помеѓу 30-33 илјади денари . Еве ако го земеме текстилнот таму се сите на минимална, ако земеме градежништво платите се помеѓу 29-30 илјади. Платите се помеѓу 25-35 илјади, со тие плати не можат да се задоволат потребите и да стигнеме до двајца 40 илјади денари. Не може да се надеваме дека ќе има средна класа во наредните 3-4 -5 години, додава Пешевски.

Ветувањата за подобрување на стандардот се далеку од остварување, ако се земат во предвид податоците само за движењето на платите во регионот (телоп за инсертирање). Македонија се спушти на дното според висината на минималецот , а уште пофрапантни се податоците дека во ноември минатата година имало над 8 илјади работници со плата под од минималната.  За волја на вистината, платата и просечната и минималецот растеше во изминатите години  ама ја изеде инфлацијата

Држава                                                 Износ

Словенија                                              1.254 евра

Хрватска                                                 677 евра

Република Српска   /                             450 евра/         

Босна и Херцеговина                            317евра                                    

Србија                                                      423 евра

Црна Гора                                                450 евра

Албанија                                                  386 евра

Македонија                                            367 евра

                                                                                          Извор: ССМ

Тоа никако не може да биде оправдување за неуспехот на владата на сдсм да ја врати и засили средната класа. За тоа да се случи потребно е  над 70 отсто од вработените да земаат просечна или над просечна плата што во моментов останува далечна желба за многумина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста