ВМРО-ДПМНЕ: Пресуда донесена под притисок на јавноста, Заев: секој од нас од денес ќе има повеќе мир

Пресудата за Сашо Мијалков е донесена под притисок на јавноста, опозицијата и меѓународниот фактор – остро реагираат од опозициската ВМРО – ДПМНЕ.  Се сомневаат дека апелациониот суд може да одлучи поинаку оти според нив, премиерот Заев и таму имал силно влијание. Според нив, власта крена еуфорија за да ги прикрие задкулисните договори.

На осудениот Мијалков му беа овозможени услови какви што немаше ниту еден друг бегалец од правдата. Потсетуваме дека потребно е дополнително сериозно да се разгледаат прекршувањата на постапката. Како лице со меѓународна потерница денес осуден криминалец му беше доделен куќен притвор. Какви договори и повластувања има зад сето ова. А, за кои најдобро може да сведочи Заев – изјави пратеничката Дафина Стојановска.

И додека од опозицијата сметаат дека договорите Заев – Мијалкот би можеле да ја „погребаат“ правдата во државава, првиот човек на Владата, за најжешката тема денеска се огласи само преку фејсбук статус. Според него, тие го ослободиле патот на правдата која стигнала денес. „граѓаните, државата, институциите и системот – тоа сме ние„ вели Заев.

Правосудниот систем e независна власт и денес гледаме дека ги има сите околности да спроведува истрага без влијанија и да организира обвинителска и судска постапка во која важат само доказите и одредбите за фер и правично судење, за секој без исклучок – напиша Заев.

Поранешниот шеф на тајната полиција доби 12 годишна затворска казна како првообвинет во случајот Таргет-Тврдина и веќе е спроведен во притворното одделение на затворот во Шутка.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста