Случајот Сашо Мијалков влезе во Собрание: Системот не функционира бидејќи го водат Заев, Спасовски и Маричиќ
Случајот Сашо Мијалков влезе и во Собранието. Опозицијата бара одговорност и оставки од премиерот, министрите за внатрешни работи и правда. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, директно го праша министерот Спасовски, кога планира да понесе одговорност за овој цирус, кој според него не бил без пари, туку бил најскапиот, во режија на мафијата на власт.
-Сериозно е тоа дека системот не функционира. И затоа ајде да видиме кои се оние главните механизми кои го водат системот, па тоа се токму овие тројца. Барем во овој конкретен случај тоа се министрите за внатрешни работи, министерот за правда, премиерот. И да токму затоа системот не функционира, бидејќи токму овие луѓе го водат системот, изјави Јанушев.
Оливер Спасовски пак во Собранието уште еднаш повтори дека не планира да поднесува оставка, повторно опозицијата била виновна, како и многу пати претходно за власта.
-Криминалот и корупцијата се одлика на вашето време, времето во кое што вие успеавте начин да воспоставите на функционирање во тој момент на режимот таков каков што беше. Ова најмногу го кажувам заради кредибилитетот. Секогаш крадецот најмногу вика држете го крадецот и прашува зошто се водени такви постапки, изјави Спасовски.
Уште еднаш одговорност побара и лидерот на опозицијата. Христијан Мицкоски вели колку побрзо заминат овие луѓе од власт, толку побрзо ќе огрее сонце за граѓаните и државата.
-Ако институциите затаиле требаше да има одговорност, почнувајќи од Заев па до тие што стоеја до него. Ниту видовме, ниту ќе видиме одговорност зошто затоа што криминална мафија е заортачена, владее со Македонија. Затоа што побрзо заминат толку побрзо Македонија ќе се ослободи и толку подобро ќе биде за сите, изјави Мицкоски.
Инаку, Мијалков кого два дена го немаше никаде, а беше распишана и национална и меѓународна потерница по него, пред два дена слободно си дојде во Обвинителството да го земе решението за домашен притвор. Тој утре треба да ја слушне пресудата за случајот „Таргет тврдина“, каде е првообвинет. Максимална казна побара Обвинителството за поранешниот прв човек УБК, односно 13 години затвор.
Матеја Петровски