Владата ќе го јакне капацитетот на институциите за да овозможи примена на Законот за јазици
Владата ќе бара начин како забелешките на Венецијанската Комисија за Законот за употреба на јазиците да бидат применливи. До крајот на неделата ќе се работи на заедничко решение за јакнење на капацитетот на нинституциите. Ова го најави и премиерот Заев за кого овој закон е фактор на обединување. Затоа и ставовите за забелешките на Венцијанската комисија како што рече ќе се градат заеднички.
“Веќе до крајот на неделата кај мене ќе се организираат состаноци на соодветните институции за да можеме да го усогласиме ваквото решение за навистина препораките од Венецијанската комисија да го добијат она за кое што со причина укажуваат, а тоа е растење на капацитетите на самите институции заради примената. Верувам дека токму тоа ќе биде во заеднички дух, онака како што имаме намера заеднички да го прифатиме, изјави Заев, по посетата на Роса центарот за родителство во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје”, изјави Заев.
Тој не е езапознаен со амандманите на опозицијата, но не е против дебата која унапредува нешто во дрежавата.
Дека ќе ги почитува препораките на Венцијанската комисија денеска потврди и вицепремиерот Османи. Сепак според него Законот не треба да се менува бидејќи е во основата на државноста. Османи смета дека отворање на Законот за јазици ќе не врати пред 2001 година
Владини извори пак велат дека Законот за употреба на јазиците е на СДСМ, а не на ДУИ. И дека никој не може да ја врати земјата пред 2001.
Венцијанската комисија забележа дека Законот за употребата на јазиците излегува од европски рамки. Особено во делот на правосудството и казнените одредби, ова тело смета декка на институциите им се наметнуваат широко формулирани обврски кои бараат повеќегодишна подготовка, а се наметнуваат и нереални парични казни.
Градимир Марковски