Уште еден крвав Рамазан Бајрам за семејството Идризи од Чаир

Уште еден член на семејството Идризи беше убиен во пресрет на празникот Рамазан Бајрам во скопски Чаир. Јонуз Идризи го загуби животот во синоќешната крвава пресметка што се случи 20 минути пред 22 часот. Врз него и уште две лица било пукано од автоматско оружје од автомобил во движење. 47 годишниот Идризи со тешки повреди бил пренесен на државната клиника каде починал. Другите двајца кои биле со него се повредени во престрелката, а подоцна со рани од исекотини се пријавило уште едно лице.

Чајчилницата зад мене, во скопски Чаир, беше местото на синоќешната вооружена пресметка во која животот го загуби 47-годишно лице.

Синоќа околу 21:40 часот било пријавено дека две лица пукале со автоматско оружје на ул. „Браќа Реџепагиќ“. Во пукањето со тешки повреди се здобил 47 годишник од Скопје кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 22 часот починал. Исто така, со повреди се здобиле и 3 лица од Скопје,од кои две биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“а е едно во комплексот клиники за укажување на лекарска помош“, соопштуват од МВР.

Чаирчани исплашени, не сакаат да зборуваат пред камера што виделе и слушнале синоќа.

Убиениот е  брат на Камер Идризи, кој беше застрелан лани исто така на Рамазан Бајрам.  Во вооружениот судир што се случи минатата година на 12 мај во Бутел, беа испукани 80 куршуми. На лице место беше убиен 43-годишниот Камер Идризи, додека неговиот внук 24 годишниот Ергин Исени, беше тешко повреден и почина во болница. Иако никогаш не беше соопштена причината за убиството, во јавноста се споделуваа информации дека станува збор за крвна одмазда. Убиството на Камер Идризи се уште не е расветлено, ниту пак има осомничени.

Претходно Камер Идризи беше цел на оружен напад, додека заедно со уште 4ца пријатели седел во хотелот Александар Палас, Во настанат што се случи пред две години беше инволвиран и инспектор од полициската станица Карпош. Ниту за овој случај нема разрешница.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста