УЈП го следи случајот со текстилната фабрика „Баргала“, контролата е при крај

При крај е контролата од страна на УЈП во штипската фабрика за чевли „Баргала„. Утврдени се голем број на неправилности од енормни размери , што се несвојствени за добро работење на кој било даночен обврзник, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

  „Таму ќе имаме голем наод. Може да кажам дека состојбата таму со даночното и сметководственото работење е навистина многу лоша„-изјави Сања Лукаревска.

Лукаревска потенцираше дека за одредени злоупотреби што се случувале во фабриката тие постојано добивале информации од здруженија кои се борат за работничките права но и од самите вработени. Најави дека за состојбата во „Баргала„ ќе ги известат и другите надлежни институции.

  „Не само што утврдивме контрола по основ на персонален данок на доход и за несиплстени плати, туку направивме и контрола по основ на данокот на добивка и данокот на додадена вредност. Бидејќи сме при крај на контролата ќе доставиме и решенија кај даночниот обврзник„- рече Лукаревска .

Голготата во штипската фабрика за чевли Баргала се провлекува неколку години. Работниците се жалеа дека им е исплатена плата од само два денари, а пред неколку дена беа поделени стотина отказни решенија за кои ССМ најави и пријава до Јавното обвинителство.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста