Хрватска ќе и донира на Македонија уште 20.000 вакцини

По денешните 10.000 дози вакцини од „АстраЗенека“ кои Хрватска и ги донира на Македонија, пристигнаа најави дека оваа пријателска држава донела одлука да ни донира нови количини дози вакцини против Ковид-19.

-Вчера владата на Хрватска донесе одлука за донирање дополнителни 20.000 дози вакцини, изјави денеска во Скопје хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман по средбата со министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека ефикасното спроведување на вакцинација е единствен излез од ковид пандемијата.

Засега не е точно потврдено новите 20.000 дози од кој производител на вакцини ќе бидат. Како што посочи Филипче, вакцините ќе бидат од „АстраЗенека“ или од „Модерна“, што ќе биде прва количина од оваа вакцина во нашата земја.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста