Тврдењето на Трајан Димкоски дека откупот на тутунот тече без проблеми, ги налути тутунопроизводителите

  „Досегашната просечна откупна цена на тунунот не е 200 ден. за килограм, туку 181 денар. Заменик-министерот Трајан Димкоски, лаже. И не е точно дека откупот тече без проблеми, само што на тутунарите им е страв да пријавуваат до Инспекторатот, бидејќи лани сите што побараа Второстепена комисија, годинава останаа без договори“. Ова се само дел од реакциите на тутунарите по денешната изјава на заменик- министерот за земјоделие, Трајан Димкоски на една една национална телевизија, дека откупот на туутнот тече без никакви поплаки до надлежниот Инспекторат.

  „Значи, последниот податок од Инспекторатот беше 181 денар…До Инспекторатот нема заберлешки, бидејќи луѓето изгорени од ланска година не повикуваат Второстепена комисија. Сите оние што повикаа Второстепена комисија, годинава не им се склучени договори. Едноставно луѓето се плашат да повикуваат Второстепена комисија и да ги изгубат договорите. Значи, таа опција повеќе не функционира за повикување на Второстепена комисија…проблеми има, но луѓето во паника за да не останат без договори не реагираат…“, – ни изјави за Алфа, Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија.

   Миречески појаснува дека сега тутунот го предаваат само оние тутунари кои имаат итна потреба од пари, а додека другите, кои знаат дека тутунот им е квалитетен и не сакаат да им биде проценет по актуелните ниски класи, си го враќаат дома. Тој смета дека Инспекторатот свесно не ги констатира неправилностите, иако на вагите тие биле евидентни.

  Официјалниот откуп на тутунот започна на 15-ти декември. Годинашниот род, кој е доста квалитетен се очекува да тежи под 20 милиони килограми, наспроти тврдењата на Димкоски дека ќе тежи 22 милиони килограми.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста