Турканици за вакцинација во Штип – по 4 дена пауза повторно се дава првата доза

Без задолжителното  растојание од два метра, притиснати еден до друг – вака утрината беше пред вакциналниот пункт во Штип,откако вчера надлежните соопштија дека денес покрај ревакцинација, дополнително ќе се имунизираат уште триста граѓани..Хаосот и редот ги делеше само порта. Надвор  турканици, а внатре војничка дисциплина.

Причина за метежот е непочитување на термините, велат граѓаните..

Надлежните алармираат граѓаните да се однесуваат внимателно и да ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи се уште сме во пандемија..

   „Гужвата ја прави самиот народ, поради непочитување на термините. На пример вчера од закажани 1200, на прва смена дојдоа 920луѓе, а на втората само 200. Сите сакат да завршат работа порано и не се почитуваат термините. Дополнително ќе дојде мажот ја води сопругата и обратно со надеж дека ќе бидат вакцинирани. Апелираме вакцинацијата се врши исклучиво со закажување на вакцинација.мк. Да доаѓаат само тие што имаат термин„-апелира д-р Дијана Коцева Миланова-координатор на Вакцинален пункт-Штип

Од вторникот во вакциналниот пункт во Штип се врши само ревакцина, единствено денес е дозволена имунизација на оние граѓани кои досега немаат примено прва вакцина.  Засега е неизвесно, дали од понеделник ќе се дозволи закажување на нови термини . 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста