Тетовските комуналци и без дозволи за движење и без плати-градот претворен во депонија

Викендов и тетовското комунално претпријатие се чини било во карантин.Градот е преполн со смет, во време кога и те како треба да се внимнава на хигиената. Контејнерите се претворени во депонии.

Купишта смет има и пред православните гробишта во Тетово, од каде се шири и смрдеа.

Градежен шут,мебел, храна, облека и секаков друг смет е расфрлан овде позади мене,пред влезот на православните гробишта.Местово е претворено во вистинска депонија.

Владо Наумовски живее веднаш до гробиштата.Ова што се случува е вели постојано,но, надлежните не ги интересира.

  • Од кога дојде новата власт „Живот за сите“ , настана оваа работа. И сега нема кај да се жалиме. Инспекторот вика снимете ги јас ќе ги казнам, а не доаѓа овде да ги сними сам, и ние сега треба да превземам улога на снимателатели, казнувачи, на што.. Инаку ова што го гледате денеска е „чисто“ -изјави за Алфа Владо Наумовски.

Од општината се правдаат дека вработените имале проблем со доцнење на дозволите за движење, па затоа не работеле.Дополнителен проблем е што во комуналното претпријатие три месеци немаат плата,поради што има негодувања и одбивање на работа кај дел од вработените.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста