Градоначалникот на Прилеп ќе бара засилена асистенција од војската заради рапидното ширење на заразата во градот

Заради новите 14 случаи, со што вкупниот број на Корона-позитивни прилепчани се искачи на 74, на повик на градоначалникот Илија Јованоски, утре во Прилеп доаѓаат Шеќеринска, Османи и Сугарески. Ќе се бара, покрај присуството на Полицијата, засилена ургениција и од војската, но и воведување на нови, подрастични мерки за сузбивање на заразата.

Меѓу ново-заболените има уште тројца здравствени работници, а меѓу нив и еден лекар, со што нивната вкупна бројка достигна 6 лица со двајца лекари.Според епидемиолозите Прилеп е во втората фаза и бројот на заразените бил во рамките на очекуваното.

Инаку, вчера Прилеп го имаше и првиот починат пациент од Коронавирусот.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста