Тетово втора недела со рестрикции за вода,дефектот не е саниран

Тетово веќе втора недела е со десетчасовни рестрикции во водоснабдувањето.Горните делови на градот пак, вода имаат едвај по неколку часа дневно.Трпко и Сирма  Димитриевски живеат сами,стари се, и без вода им е навистина тешко.Се снаоѓаат со шишиња, буриња, а вода им подаваат и соседите кои имаат цистерни.

  • Ова нагоре нма ич, ние по малку  се цеди, нема, нема, тешко е..-вели Трајко Димитриевски.
  • Тие е страв да влезеш во тоалет, вода не можеш да згрееш, нема, останавмо така, миени, немиени, многу лошо, јас не можам да истрпам..-вели Сирма Димитриевска.

Рестрикциите се воведоа откако настана голем дефект на цефководот од новиот водовод,кој бил оштетен, откако се случила ерозија на земјиштето кај селото Бозовце.Токму на ова предупредуваа еколошките здруженија. Изградбата на малите хидроцентрали на Шар планина,веќе го земаат данокот.Имаат испратено и писмо до Премиерот, но,одговор нема.

  • Директорот на Инспекторатот за животна средина, Ана Петровска, во месец ноември предупреди дека со изградбата на хидроцентралата во Лешница постои можност за загадување на водите и водоснабдувањето на градот Тетово. И токму денес ние се соочуваме со овие последици. Граѓаните сакаат да знаат каква хипотека имате кај Хидро-мафијата? Алчноста за пари не може да биде над здравјето на луѓето и животната средина-Нгадњим Мехмети-“Еко герила”.

Деловитите за новиот цефковод се однесени, но,поради непристапниот терен, дефектот сеуште не може да се санира. Во “Водовод”, минатата недела најавија дека тој ќе биде саниран викендов,но, веќе не ни поставуваат рокови.Тетовци веројатно, нема за брзо да добијат нормално водоснабдување.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста