Заев контра Заев

Калкулациите со бројки на вакцини на премиерот Заев не му одат баш од рака. До неодамна ја убедуваше јавноста дека Македонија не смее да се опушта” и да нарачува преголем број на вакцини за да не се доведе во ситуација да има повеќе од доволно.

Ако продолжиме да порачуваме вакцини „Спутник“, следна веројатно е „Астра Зенека“, па нови количини од „Фајзер“, па нови количини од „Синофарм“ и ќе се затекнеме да има пет милиони вакцини во државата. Тоа е недозволиво заради рационалноста и наменското трошење на јавните пари.” – ова го изјави премерот Зоран Заев пред десетина дена.

Тоа важеше десетина денови, по што го смени ставот и соопшти дека Македонија е близу до т.н црвена линија за нарачки на вакцини, без оглед што во земјава нема пристигнато ниту една антиковид вакцина која што ја имаме нарачано.

Ги имаме преземано дури и чекорите на линија на црвената граница во функција на количините, дури и ако треба да поминат количини кои на крајот не би се имплементирале, но да имаме нарачки на крај. Кога ќе ги правите пресметките поминуваме преку два милиони вакцини.Проценките беа милион, значи сме направиле се што треба да направиме, нагласи премиерот.истакна вчера премиерот Заев.

100 илјади од Спутник, два пати по 200 илјади од Кина, 800.000 од Ковакс и 833.000 од Фајзер.Пресметките на Заев укажуваат дека, Македонија засега има два милиони и 133 илјади вакцини – ама само на хартија. Но февруари помина а во земјата и покрај најавите се уште не е стигната ниту една доза од кинеската, руската ниту пак од фајзеровата вакцина за граѓаните. Премиерот, проблемот за ова го лоцираше кај производителите на вакцини.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста