НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заев не попушта: МАНУ ќе мора да ја стави кованицата Северна, имаме договор со Грција за добро име

Премиерот Зоран Заев не отстапува, МАНУ ќе добие Северна во своето име. Вели во договор со Грција било најдено одлично решение за новото име на Македонската академија на науките и уметностите. Според премиерот Македонија имала обврски да ги промени имињата на сите институции кои се финансираат со државни пари, а тоа е случајот и со МАНУ.

-Законот мора да се почитува, имаме временски рокови кои се определени, секако за промена на сите институции кои што примаат пари од буџетот на државата. МАНУ е една од тие институции, најдено е многу убаво решение во разговор и договор со Грција и верувам дека треба да се почитува и применува законот, но низ разговор верувам ќе се најде решение и за оваа работа, вели Заев.

Иако првото барање на МАНУ да се повлече предлог законот за промена на името беше прифатено од Владата, сепак од Илинденска не отстапуваат од овој потег, со цел задоволување на грчките барања. Дека академиците не сакаат промена на името на МАНУ, за Алфа потврди и Љупчо Коцарев, првиот човек на оваа институција.

-Ние пративме официјално барање до Владата со кое посочивме дека сакаме да се повлече законот за промена на името на МАНУ, вели Коцарев.

Потегот на МАНУ, со кој барем уште малку време успеаја да си го зачуваат името беше позитивно поздравен речиси од сите, па и од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

-Апсолутно им честитам ја имаат нашата поддршка и како политичка партија и како пратеничка група во рамките на Парламентот. Се покажа дека пркост резултира со пораз на предавството и апсолутно им честитаме на тие академици кои што  застанаа, тоа мнозинство иако морам да кажам дека има такви кои што не се достојни знаете да ја носат титулата академик кои што не ги сфатија потребите на овој народ,тоа го охрабри народот, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Последен пат шпекулации дека МАНУ ќе го промени името имаше во 2019 година, согласно договорот од Нивици. Но, се чини академијата тогаш успеа да ги издржи притисоците, па и две години подоцна името се уште не е променето.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста