Тешка сообраќајка пред ОУ. „Љубен Лапе“: Град Скопје го остави новиот булевар без семафори, треба ли да се случи трагедија?!

Тешка сообраќајка пред ОУ. „Љубен Лапе“: Град Скопје го остави новиот булевар без семафори, треба ли да се случи трагедија?!

Тешка сообраќајна несреќа на новиот булевар „Васко Карангелески“, пред основното училиште „Љубен Лапе“, изутрината. Според информациите од МВР, со телесни повреди се здобила 45-годишна жена. Но, на вознемирувачките фотографии, се гледа едно превртено возило и едно со уништена предница. И тоа на самиот пешачки премин, каде во текот на целиот ден, постојано минуваат децата – основци од ова училиште.

Булеварот, под надлежност на град скопје, неодамна беше пуштен во употреба, ама без никаква сигнализација. За среќа меѓу повредените денеска нема деца, но зарем треба да се остави на среќата, прашуваат родителите?

Училиштето, општина аеродром и родителите, неколку пати до сега бараа од градоначалничката Данела Арсовска да има слух, и итно да се постават семафори и соодветни сообраќајни знаци, ама оттаму за сега – се глуви на барањата. Зарем треба да се случи детска трагедија за да се освестат?

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста