ОН згрозени од ужасите во последните 48 часа во Газа
Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации Фолкер Турк изјави дека е „згрозен од ужасните настани во последните 48 часа во Газа“.
„Убиствата на толку многу во училиштата кои беа претворени во засолништа, и во моменти кога стотици пребегаа во болницата Ал Шифа, како и раселувањето во јужниот дел на Газа, е целосно спротивно на заштитата на цивилита според меѓународното прави“, напиша Турк на социјалните мрежи.
Војната меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври кога палестинските екстремисти ја пробија граничната ограда и влегоа на израелска територија, убивајќи повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили, а одведоа и околу 240 заложници во Газа.
Владата на Хамас објави дека од почетокот на војната во Газа се убиени 13.000 Палестинци, меѓу кои и повеќе од 5.000 деца.