САД –  Нови ветришта за проектот две држави Израел и Палестина

САД –  Нови ветришта за проектот две држави Израел и Палестина

Во  1947 година со резолуција 181 на Обединетите нации  е формиран Израел со пропорции со кои Палестинците на се согласни. Формиран е како држава на Евреи и Арапи.  Но поради помалиот дел на арапите Арапската лига не го прифаќа овој модел, а го одбиват и евреите.

Израелската држава од своето формирање 1948 година изгради  добро организирано општество и позитивно политизирано.  На власт е партијата Ликуд ( формирана од Ариел Шарон)  со Бенјамин  Нетанјаху.  Последните политички премрежја таму беа дали судската власт треба да го смени начинот на кој се избира. 

Палестина е ,,чадор’’  држава за териториите  Западен брег и Газа, а за свој главен град го означува Ерусалим, иако работите се водат од градот Рамала. Самостојна држава  со над пет милиони жители  која има дури и свои дипломатски преставништва.

Слончето на Републиканците  и магаренцето на Демократите

Американското општество  во врска со Израел силно се мотивира од евангелистите односно од проповедници кои имат силно влијание врз американското јавно мислење.  Во САД постои и одреден  дел на десно ориентирани евреи.

Најголемиот дел од Евреите во САД се левичари. Познати, богати и моќни ликови кои секогаш јавно се изјаснуват како левичари и секогаш ја промовират  Демократската партија.  Истовремено во левичарските кругови се појавуват и досегашните заложби и поддршка на Палестина да ја заокружува својата самостојност.  

Нетенјаху не беше особено интересен за демократите на САД.   Демократската администрација на САД  не му беше наклонета иако досега му  изрази поддршка.  Реално на Бенјамин  Нетанјаху идеолошки  му се блиски политичари од ковот на Виктор Орбан во Европската Унија.  Аналитичарите  проценуват дека Израел ја применува познатата воена доктрина  Дахија која вклучува несразмерен одговор со цел сигурно постигнување на целта.  Критиките кои се последица може да ги издржи само некој со сигурна поддршка.      

Државниот секретар Блинкен предложи  хуманитарна пауза која тешко дека ќе се реализира. Предлози за примирје доаѓат и од  Кина и Русија. Но одредена пауза според Израел може да значи и прегрупирање на сега разнишаните структури на Хамас.

Новите ветришта околу Газа 

На почетокот на Ноември најпрвин преку Блумберг, а потоа и преку други извори започна да се шири идејата во САД за ново решавање на појасот Газа. Значи, откако ќе се заврши конфликтот. Односно откако Израел ќе го уништи Хамас.

Новото решение  предлага  Газа да не продолжи како енклава под чадор државата Палестина  туку  под раката на ООН со учество на мировни сили.

Извесни коментари на сенатори кои се дел од комисијата за меѓународна политика придонесуват кон сериозноста на оваа идеја Бритнаците, Французите и САД да се вратат на блискиот исток.

Ова се разбира, нема да значи мир туку доплнителни затегнувања на односите во регионот  со оглед  дека арапскиот свет нема намера да се врати во колонијално ропство.

Петар Трајков

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста