Тепачка во скопски локал, летале маси и столици, приведени се пет лица

Забави и музика, дел од угостителите се чини ги заборавија протоколите за работа.  Во главниот град синоќа и тепачка помеѓу гости во ресторанот „Трибека“- скршени маси,столици и инвентар. Приведени се пет млади лица на возраст од 19 до 28 години, кои направиле огромен неред во локалот информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Х.Ј.(20) и А.С.(27) двајцата од Скопје, а во врска со претходна пријава дека во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Ѓ.(28) од Скопје и Х.Ј.(19), по што А.С. (27) почнал да го крши инвентарот од угостителскиот објект-велат од МВР.

И Испекторите од Државниот пазарен инспекторат  биле сведоци на физичка пресметка, но не биле нападнати, ниту пак тепачката била поради затворањето на локалот потврди за Алфа, од инспекторатот.

„Во обид да направиме надзор за почитување на протоколите околу 20:30 часот при влез во локалот се соочивме со толпа народ која што масовно излегуваше од објектот, што значи дека Пазарниот инспекторат воопшто не влезе внатре во локалот. Видовме дека веднаш дојдоа припадници на Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат се упати на друга локација“, посочи Котели.

Котели додава дека од вчерашните акции низ Македонија каде биле затворени неколку локали поради непочитување на протоколите.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста