Распишана е потерница по екс директорот на УБК, полицијата во потрага по него

Ниту трага ниту глас од поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, МВР утрото распиша потерница по него. Полицијата сеуште го бара Мијалков, откако судот викедов издал решение за куќен притвор, до изрекување на пресудата за случајот „Таргет- тврдина“ закажана за четири дена. Зачудува фактот што до овој момент нема ништо официјално ниту од МВР ниту од обвинителство.

Екс директорот на УБК, последен пат бил забележан во кафулето „Дистрикт“, кое се наоѓа во рамки на хотелот „Мериот“, во непосредна близина на скопскиот плоштад. Полициски службеници го бараат Мијалков од вчера од 16 часот, и  во неговиот стан во Капиштец,  куќата на Водно и во хотелот „Мериот“.

По завршните зборови и на одбраната и на обвинителството, во кои обвинителката Ленче Ристеска побара максимална казна за првообвинетиот Мијалков, за 26 февруари закажано е изрекување на пресудата. Во случајот „Таргет – тврдина“ , обвинети се 12 лица. Мијалков се товари со злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание, од кои последното му застарува на крајот на февруари.

Мијалков на рочиштето на 19 февруари рече дека нелегалното прислушување во земјава од 2008 до 2015 година не го правеле службите во УБК. На едно од рочиштата тврдеше дека никогаш нема да ја напушти државата

А Твитер повторно ја покажа своја креативна страна,  откако екс директорот на УБК остана недостапен за полицијата по одредувањето на домашен притвор.

  • Работите излегоа од контрола. Јас сум во Чешка!
  • 30 дена притвор за Миле Јанакиевски поради бегството на Мијалков
  • Стварно Мијалков поминал граница без ПСР тест? Не е нормален!
  • Реално Мијалков го користи ваучерот за туризам од Заев!

Со оглед на тоа, дека Мијалков сеуште не е пронаден, јавноста во исчекување дали некој од надлежните ќе сноси одговорност за ова.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста