Тепачка во штипскиот затвор- повреден началник

Тепачка во штипскиот затвор- повреден началник

Под силно полициско обезбедување од утринава е штипскиот Затвор, откако доцна во ноќта со интервенција на затворската, но и асистенција на специјалци од Скопје е спречено масовната тепачка помеѓу затворениците да не ескалира.  Повреден е командир, кој веднаш бил пренесен во штипската Клиничка болница.

Додека внатре  се тепале, пред затворската капија имало триесетина лица кои дошле да и помогнат на едната група. Имено околу 12часот по полноќ дошло до физичка пресметка помеѓу две групи на затвореници, кои според неофицијални информации се бореле за превласт во штипскиот Затвор. Неофицијално од едната страна имало стотина, а од другата биле четворица. Наводно, една од бандите е од скопско Сингелиќ.

 Случајот го потврдија и од МВР. Според официјалните информации вчера во  23.57 часот во СВР Штип, лице од с.Батинци, скопско, пријавил дека му се јавил неговиот син  кој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Штип и му рекол дека има информации дека во текот на ноќта ќе биде нападнат. Во истиот период во штипската Полиција, пристигнала пријава и  од Казнено – поправната установа Затвор Штип за нарушување на  јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи затвореници и дека имаат сознанија дека кон затворот во Штип патуваат повеќе лица за да и помогнат на едната група. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Штип пред затворот затекнале 30 лица со 10 возила и при преглед на лицата и возилата, во едно возило биле пронајдени и одземени дрвен и остар предмет.

Алфа проба да стапи во контакт со директорот на штипскиот затвор , како и со директорот на Управата за извршување на санкции за да прашаме, каква е ситуацијата по вчерашната масовна тепачка, но и двајцата не одговорија на нашите повици. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста