Студентите и дадоа црвен картон на власта – протести за достоинство и подобри услови

Студентите и дадоа црвен картон на власта – протести за достоинство и подобри услови

Власта падна на испитот кај студентите. Со црвени картони и барање за оставки ја испратија да „полага во казнена сесија“. Над 20 студентски организации, обединети излегоа на протест пред министерството за образовние и наука да прашаат, дали и функционерските плати доцнат, како што нив им доцнат стипендиите, додатоците за превоз и помошта за социјално загрозените студенти.

  • „Oва е покажување на црвен картон кон работењето на министерството за образование и наука и ние како универзитетско студентско собрание ќе се залагаме во иднина студентите да бидат слушнати и нивниот глас да биде уважен“ – Порача претседателот на универзитетското студентско собрание при УКИМ, Александар Николовски.

Со свриежи и пароли на македонски и албански јазик, порачаа оти постојано имаат проблеми со исплатата на степнендиите, малиот надоместок за студентски оброк, како и ужасните услови во студентските домови.

  • „Ги бараме промените кои што ги заслужувме во високото образование и бараме да не слушнат институциите, конечно да го уважат нашиот глас.“ – Порача студентската правобранителка на УКИМ, Савче Ѓошева.

Власта во меѓувреме се обиде да ги скроти студентските протести. Утрината ги исплати заостанатите стипендии, но попусто, оти револтот не запре. Министерот за образовние пак, збунет. Според него, студентите неодамна ја фалеле работата на неговото министерството.

  • „На 16ти јануари годинава добив извонредна порака од страна на студентските собранија, во однос на вработените во министерството за образование и наука. Пораката има соддржина „Извини министре, денеска е сабота, но мораме да го пофалиме раководителот на секторот за стипендии, вработените во секторот за финаснии, презодовлни сме како студнети.“ – Не знам што е поразлично од 16ти“ – Изјави министерот Јетон Шаќири.

Тој ги покани студентите да се качат во неговата канцеларија, да разговараат, но тие го одбија. Велат, се среќавале доволно во минатото. Инаку, студентски протести, поради истите причини имаше и во 2022 та. Очигледно, власта тогаш не ги прими нивните пораки. Од денешните протести порачаа оти ако и овој пат тоа се случи, тие ќе излезат и на порадикални протести.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста