Сторија на Алфа за самохраниот 23-годишен родител ги разбуди надлежните

Откако Алфа во емисијата „СРце на дланка„ ја објави потресната приказна за 23годишниот самохран родител Љупче Смилев од Штип, кој место млеко синот го храни со шеќер и вода , надлежните решија да му помогнат. Смилев тврди дека сега сами му се јавиле да ги подготви документи за да добие социјален стан…

  „Откако излегов на вашиот медиум во емисијата „Срце на дланка„, потоа за многу кратко време ми се јавија самите тие. Ми рекоа дојди Љупче, да ти помогнеме, ќе ти излеземе во пресрет. Претходно сум ги молел, сум барал помош но никој не ми помогнал„ – изјави Љупче Симев

  Трогателната приказна на Смилев на нозе ја крена целата јавност. Деновиве од целата држава пристигнува помош. Задоволен е бидејќи за прв пат фрижидерот му е полн и не мисли со што наредниот ден ќе го нахрани своето едноипол годишно детенце Андреј. Сега му е потребна работа, за да не чека милостина од луѓето..

  „Моментално ми е потребна работа и детето да почнам да го носам во градинка за да можам да работам. Татко ми работи како надничар и не може секогаш да ми излегува во пресрет„- изјави Смилев

Од штипскиот Центар за социјални работи информираат дека Смилев од февруари е корисник на загарантирана  парична помош, а му е пуштена и еднократна парична помош. Откако ќе ги подготви документите за детето да му биде вонбрачно доверено нему, тој ќе може да оствари и детски додаток.

 Љупче и неговиот син Андреј живеат под кирија. Во собата помала од дваесетина метри квадратни им се одвива целиот живот. Овде  готви, се хранат и спијат, а благодарение на хуманите луѓе кои донирале креветче вечер  за прв пат нема да го дели тесниот кревет со син му. Скромниот татко, не сака ништо, освен неговиот син да има детство поубаво од неговото, бидејќи и самиот тој како и едноипол годишниот Андреј бил напуштен од неговата мајка.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста