Битолското мовче ги буди граѓанските реакции, но и политичките страсти

                Два дена се усвитени социјалните мрежи со жешки реакции и заинтригирана е битолската јавност, откако на веб- порталот на ЈП “Нискоградба“ во Битола, осамна вест и фалба дека мовчето што ги спојува двете населби – “Буковски ливади“ и “Сива вода“ близу “Хераклеа“  е санирано, со фалба дека излегле во пресрет на граѓаните и го санирале мостот. “Остваруваме во служба на граѓаните“ беше напишано  во објавата со поместени  фотографии. Тоа беше иницијалната каписла која ги разгоре  граѓанските страсти на незадоволство од актуелната власт, со многу иронија и потсмеф. – Во Неолит вакви мостови немало, браво! – Елон Маск доаѓа во Битола да го види мостот!- Личи ли вакво грандиозно дело да биде пуштено без чочек?- Ако ви остана некоја штица, бесилка направете!- Во киндер јајце да не ви се падна?- Ова е светско чудо! Итн. Дури и охриѓани и прилепчани се измајтапија дека се љубоморни на ваков мост. Денеска, од “Нискоградба“ мовчето малку го поддотераа.

-По жестоките критики на социјалните страни околу фалбите за реконструкцијата на овој мост, неимарите од “новиот живот“, денеска дрвената конструкција ја премачкаа со прегорен катран, нели да ја заштитат, и од друга страна скапаните тараби ги заменија со неколку лопати цемент. Дали тоа значи дека уште еднаш пдиме во “нов живот“, но како што беше речено на фејсбук- убаво е да се стави и една жица, за да можат заљубените да ставаат катанци да се почуствуваат како да се на Сена или на мостовите на Амстел во Холандија. Да не беше трагично, сето ова премногу е смешно. / ст. ап/

Од комуналното претпријатие “Нискоградба“  чиј директор е од ЛДП, велат дека направиле само времена санација, а објавата на порталот била по барање на тамошните жители. Добрите познавачи на политичките прилики во Битола, сметаат дека во пресрет на локалните избори, започната е внатрешно- коалициска неимарска трка помеѓу експонентите на ЛДП и тимот на градоначалничката Петровска. Стравот кај СДСМ е голем од евентуална кандидатура за градоначалник на министерот Горан Милевски, кој пред четири години од сите кандидати имаше  најголем рејтинг, а доби само минситерска фотелја. Сега, реакциите за мовчето се сметаат за внатрешна игра во коалиција, неофицијално се зборува и молчи во Битола.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста