Стојаноска: На ВМРО-ДПМНЕ му треба 61 пратеник за да може да ги реализира политиките и да го поправи уништеното

Стојаноска: На ВМРО-ДПМНЕ му треба 61 пратеник за да може да ги реализира политиките и да го поправи уништеното


Според мене очекувана е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ која вели речиси дупло повеќе мандати за ВМРО-ДПМНЕ во Собранието за разлика од СДС. Тоа е поради тоа што се случуваше изминатите седум години. Или ништо не направија во изминативе седум години, ништо од тоа што ветуваа не направија, рече Дафина Стојаноска, пратеник во Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната емисија „За или против“ на телевизија Алфа.

Стојаноска посочи дека на ВМРО-ДПМНЕ му треба 61 пратеник за да може да ги реализира политиките и да го поправи уништеното од изминатите седум години. 

-61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ ќе значи апсолутна одговорност, она што го говоревме да го реализираме, 61 пратеник е за да не се кочат работите како што сме биле сведоци до сега, вели Стојаноска.

Според неа оваа власт во 2021 година имаше дебакл на локалните избори, а не направија никаква анализа. Стојаноска додава и дека заради лошите политики, „СДС нема со кои нови кадри да излезе“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста