Тентов: Катастрофа се заканува на Дојранското езеро, СДС пред две години го исклучи хидросистемот за спас на езерото

Тентов: Катастрофа се заканува на Дојранското езеро, СДС пред две години го исклучи хидросистемот за спас на езерото

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Дојран, Илија Тентов, предупредува дека на Дојранското езеро му се заканува катастрофа бидејќи власта на СДСМ пред две години го исклучила хидросистемот за спас на езерото.

-Еве после две години лошите одлуки на владата придонесоа со нефункционирањето на системот да се намали нивото на водата повеќе од 1.5м и ако оди со ваков интензитет можно е до почетокот и за време на летната сезона езерото да се намали и до 2.5 м во височина со тоа што ќе се промени целата моментална крајбрежна слика. Хаосот што го направи власта повторно не враќа на лошите спомени од еколошката катастрофа што му се случија на езерото. Затоа ја прашуваме власта како се грижи за едно од трите природни езера во Македонија ? Дали Дојран заслужува ваков третман?
Зошто дозволи направен проект од владата на ВМРО-ДПМНЕ да пропадне поради неспособноста да го одржува? – прашува Тентов.

Тој порачува оти само промени можат да значат спас на состојбата со езерото, спас на државата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста