Венецијанската Олигархија
Во средината на теориите на заговор кои често ги среќаваме во нашиот интернет простор
се наоѓа грандиозната приказна за Венецијанска олигархија. Во последно време не само
што делови од оваа теорија се среќават кај разни пишувачи на објави, книги или видео
раскажувачи туку имаме можност да го препознаеме нејзиното дишење низ конкретни
политички агенди на субјекти кои се убедени дека стабилно ги изградиле своите ставови.
Олигархија значи владеење на мала но моќна група и, се разбира сите теории против
владеење на малцинството ги креираат луѓе кои се борат за народот, додека себе се
прогласуват за политички дисиденти.
Инаку оваа теорија имавме можност да ја слушнеме пред повеќе децении од Американските дисиденти. Дури и во САД постојат луѓе кои се противат на системот на еден или на друг начин. И тоа, не во денешно разбранувана актуелност на избори и криза туку во времето кога бевме убедени дека за да го сонуваме американскиот сон доволно е да облечеме пижами со западна марка. Американските политички дисиденти Вебстер Терплеј, исто Линдон Ла Руш (покоен), го посочуваат Лондон за седиште на таканаречената Венецијанска олигархија. Односно влијанието што таа го имала во животот на општеството во смисла контра демократските традиции на Соединетите држави, слободарската идеја и волјата на народот. И оваа приказна на многу вешт начин може да се препознае во плетката на разните наши објави низ социјалните мрежи и видеа можеби несвесно како што за нас ја пласират интересите на други центри.
Нејзината далечна историја се следи од време на градовите Тир и Сидон, па откако
Александар Велики ги напаѓа и опсадува овие градови олигархијата (вавилонската
аристократија) ги напушта и со бродови пристига близу Атина. Го основа храмот во
Делфи како античка наднационална институција која што управувала со светот преку
наводно претскажување од свештеничка. Потоа, олигархијата преминува во Рим така што
тој станува светски центар. Од тука олигархијата го создава Константинопол како центар
на Византија земјаќи ја предноста на стариот поморски центар Александрија во Египет.
Понатаму дејствува преку локација во Венеција каде што во средниот век станува доста
моќна. Тука го добива и својот назив Венецијанска. Според овие автори Венецијанците
го создават проблемот на војните во Европа, тие го финансират протестантизмот и ги
контролират научните и филозофски откритија. Оваа олигархија понатаму се сели во
Холандија и на крајот, преку кралот Вилијам од Оранж успева да се концентрира во
најважните делови на Лондон. Во Лондон Венецијанската олигархија доаѓа како контрола над постојните конзервативни кругови околу круната. Некои кралеви се ликвидирани, направени се реформите со Оливер Кромвел и, на крај се конституира новиот банкарски, либерален, олигархиски
концерн.
Приказната продолжува така што во име на Венецијанската олигархија Оранж сам ја
ограничува круната и става рамки на политиката каде наследник останува денешен
Вестминстер. Му останува да продолжи во борбата против Венецијанската олигархија, да
ја развива монархиската приказна, и развива државна мрежа како сервис за слободните
граѓани. Може да се забележи дека судирот на Вавилон со Египет во овој наратив се следи од
антика за во актуелноста да се проектира како Вестминстер и Лондон сити. Во средиштето
на оваа вечна расправа велат толкувачите на оваа теорија сепак е Александар Македонски
и неговата чудна идеја да го освојува истокот и да го обединува светот.
Денес во оваа приказна вешто се вклопува Лондон сити кој има своја посебност во
уредувањето. Тоа е најубавиот дел од централното подрачје на големиот град Лондон, кој
не е под управа на градот, а некои велат дека се однесува дури како посебна држава. Со
свое знаме, протоколи, противпожарна и обезбедување и официјално со не повеќе од
десет илјади жители. Седиште на светскиот финансиски ток каде се сместени управните
згради на големи банки и корпорации. Инаку го раководи посебна компанија наследство
од еснафите и гилдите на средниот век со посебни избори во традиционален стил.
Лондон Сити ги помагал револуционерите на територијата на Америка против круната.
Од ваквата теза веќе е јасно дека Вестминстер и Лондон сити својата битка во политичка и
економска смисла од британското тло како што вели оваа теорија во минатото ја
проектирале на тлото на Америка. И станува јасно дека и од двете страни се изградени
цврсти тези.
Неколку дисиденти ја проблематизират политиката на САД и нејзината администрација
фрлајќи светлина врз ,,долгото чекорење низ американските институции’’ од сличен
олигархиски процес. Се разбира тие овој проблем го елаборираат со конкретни податоци
низ многу бројки и личности. Практично, дејствувaат против основите на либерализмот.
Интересно е како со нивните тврдења целосно се интегрирани многу од сериозно
сфатените актуелни теории на истокот. Така склопени и претопени тие доаѓат на Балканот
лесно разбирливи и доста лесно се шират .
Предлагам ова да го споредиме од наш македонски аспект на практични идеи за просторот
и времето. Со можеби не толку случајниот факт дека градовии села на територијата на
Македонија околу Охридското Езеро, Преспа и Дојран исто како и градовите Костур,
Воден, Острово во денешна Грција се урбани средини кои, наместо улици, имале мали
реки па водата од каналите и езерата ги заплискувале куќните прагови. Многу слично на
градителскиот и животен манир на Венеција. Можеби дополнителни истражувања може
да покажат колкаво било точното влијание на одредени европски кругови и нивните
потомци врз нашиот домашен амбиент во реалната димензија на развој, образование и
осамосознавање.
Покрај сите постојни историски факти потсетувам на еден интересен факт дека во
Струмица традиционалната карневалската вечер се случува во Вторник по празникот
Прочка. Венецијанскиот карневал се случува во речиси идентичен временски и
календарски интервал.
Споменик во чест на карневалот е сместен на плоштадот во Струмица и претставува
девојка којашто во раката држи маска. Инаку прекрасните стилски маски за карневал во
Европа се појавиле во високите кругови на Венеција во 16 век. Дали девојката од
споменикот ја извадила маската или допрва ќе ја постави пред лицето е прашање на
уметничкиот проект или лично доживување.
Многу е важно, кога се следат конспиролошките пропагандни тенденции критички да се
има предвид целиот фонд на податоци зад секој изнесен факт во разните пласирани
објави, видеа и подкасти и да се одмери колку една интересна идеја навистина е
функционален дел од нашиот простор.
Петар Трајков
Фотографија
Струмичанка под маска ,споменик Плоштад Гоце Делчев Струмица, 2010 година.