ССМ го најави првомајскиот марш – „Гаси скара, касни плата“

ССМ го најави првомајскиот марш – „Гаси скара, касни плата“

Гаси скара, касни плата. Синдикатите вклучија црвен аларам, велат, работниците во Македонија се понижени и едвај крпат крај со крај. На први мај, меѓународниот ден на трудот, повикуваат на сидикално обединување и масовни протести, на кој велат дека најгласно до сега ќе се слушне револтот на работникот.

  • „Денеска, работниците во макеоднија се соочуваат со притисок за нивната егзистенција поради зголемените трошоци за живот, како и ниските плати. Ние работниците, поради овие причини, одлучивме на први мај да излеземе, на работнички протест.“ – Изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Синдикатите велат дека со првомајските потести, ќе побараат повисоки плати, но и враќање на додатоците на плата за храна и превоз, бидејќи според нивните пресметки, тие изнесуваат 20% од просечната плата. Па кога ќе се минусираат овие тршоци, оние кои земаат минимална плата, остануваат само со 14 илјади денари.

  • „Работниците се премногу незадоволни од се. Ако не излезете на протест, нема да добиеме ништо. Колку ќе дојдеме, колку ќе излеземе на пртоест, толку и ќе добиеме“ – Додаде Трендафилов.

Оттаму додаваат дека се уште работат на најновите пресметки за минималната, синдикална кошничка, која постојано поскапува. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека повеќе од 20.000 работници во Македонија, земаат месечни примања помали од минималната плата. Ова е само една од многуте причини, поради кои, синдикатите само во месец април, организираа дури 6 протести.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста