Средба Мицкоски- Холштајн: Власта освен што економски го осиромаши народот, организираше масовен поткуп за изборите, ВМРО-ДПМНЕ прави напори да формира мнозинство за да ја извлече државата од криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија г-ѓа Енке Холштајн.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, изборите и идните стратешки приоритети.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочил дека изборите кои поминаа не може да се оценат за фер и демократски бидејќи власта спроведе низа прекршувања, поткупи и неправилности во текот на гласање со што сериозно се нарушува демократскиот фундамент на изборите. Државата доби и сериозни забелешки за изборите нотирани од мисијата на ОБСЕ.

Мицкоски потенцирал дека власта го осиромаши народот и ја втурна Македонија во тешка финансиска криза спроведе организиран поткуп тежок неколку милиони евра. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување.

Во продолжение неговата фејсбук објава од средбата.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1618082945033825

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста