Соочена со неуспех во справување со кризата, Власта станува нервозна и го губи тлото под нозете

Ќе остане ли герила акцијата “Слушај го Венко” само флоскула од времето кога пи-јарот на министерот го претставуваше Филипче како херој?

Мирните прес-конференции кои Филипче ги одржуваше на почетокот на пандемија сега се претворија во шоу програма – викање, прекорување, надмудрување и ароганција кон новинарите што поставуваат граѓански прашања.

Првиот човек на комисијата за заразни болести, Караџовски од кого дел од политичките партии бараат оставки, вчера вината за Корона вирусот ја лоцираше само кај граѓаните, не заборави да ги напомене ифтар вечерите како причина за ширење на заразата.

Го пушта ли Владата епидемиологот низ вода, особено откако го оставија јавно да ги искара новинарите кога го прашаа дали се чувствува одговорен за вториот бран на Ковид 19.

Наспроти Караџовски кој прстот го впери во граѓаните дека се непримерни, доктор Пановски смета дека одлуките на надлежните не се доволно добри и дека политиката ја надмина науката.

Последните излегувања во јавност на Филипче, дел од јавноста ги карактеризира како срамни. Жестоки реакции имаше за овој карантински викенд за кој само одреден дел од жителите на општините мораа да бидат дома, а другите не, па туристичките места се наполнија со оние кои “бегаа” од 80 часовниот карантин, а со тоа се зголеми ризикот за пренос на вирусот на местата кои не се жаришта. За оваа одлука Филипче рече тие знаеле дека луѓето ќе заминат на продолжен викенд, ама сепак ја донеле.

Зголемувањето на бројот на заболени, но и починати од Корона, како и изјавите дека ситуацијата е под контрола, а според дел од граѓаните не е , доведоа за огромен пад на довербата која луѓето ја имаа во Филипче.

Речиси половина од населението смета дека Македонија многу полошо се справува со опасната болест од земјите во Регионот, се вели во последната анкета на ИПИС.

Истражувањето покажува дека за разлика од април кога 39,7 отсто од испитаниците биле  задоволни од работата на надлежните, во јуни таа бројка е 17,2 отсто. Незадоволството од работата на властите исто така порасна речиси тројно – во април 12%, а во јуни 32% одговориле дека не се задоволни од работата на надлежните.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста