Кина нема да биде дел од преговорите за нуклеарно разоружување со САД и Русија

Кина не планира да учествува во преговорите за нуклеарно разоружување на САД и Русија, јавија кинеските медиуми.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунин изјави дека Пекинг повеќе пати повторил дека „нема намера да учествува во т.н. трилатерални преговори за контрола на оружјето, во кои се вклучени Русија и САД“.

СAД  и Русија претходно постигнаа договор месецов да почнат преговори за контрола на оружјето, затоа што единствениот важечки договор меѓу двете најголеми нуклеарни сили истекува за помалку од една година.

Неименуван официјален претставник на администрацијата на Трамп изјави дека преговорите ќе почнат на 22 јуни.

Русија понуди да се продолжи договорот СТАРТ, што истекува во февруари, но Трамп сака нов договор што би ја вклучил и Кина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста