Епидемијата не попушта, власта се понервозна – Караџовски се кара со новинарите

Наместо одговорност и оставки епидемиолошката крива скокна и покрај уверувањата на владата дека се е под контрола, првиот човек на комисијата за заразни болести Жарко Караџовски удри со навреди и ароганција кон новинарите. А тие само побараа одговори зошто состојбата со епидемијата и натаму е алармантна.

Кога владата најавуваше победа против Ковид 19 со цел да организира избори, Караџовски не пропушти да се пофали во неговата улога во оваа битка, за сега кога бројките растат одговорноста да ја префрли на колегите од комисијата.Велејќи, дека тој им давал и одземал збор, а за одлуките гласале сите заедно.

Но, не само кон новинарите, надлежните прстот го впреија за состојбата, и кон граѓаните за кој што тврдат дека не ги почитувале препораките.

Но, Караџовски не е прв кој што во последниов период ги нападна новинарите.Претходно, министрите Крешник Бектеши и Нина Ангеловска си дозволија – да им предаваат лекција за тоа дали поставуваат лоши или добри прашања. Инаку последните бројки се повторно загрижувачки. 127 позитивни на ковид19 и  тројца починати.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста