Амбицијата на ДУИ покажува дека Македонија не е граѓанска туку националистичка држава

Амбицијата на ДУИ покажува дека Македонија не е граѓанска туку националистичка држава

Амбицијата на интегративците откако ќе ја освојат премиерската да седнат и во претстедателската фотелја покажува дека Македонија не е граѓанска, туку националистичка држава, наспроти нивното укажување, коментира дел од експертската јавност за апетитите на ДУИ да имаат свој шеф на држава.

Политичкиот аналитичар Синиша Пекевски е изненаден од одлуката собранискиот спикер да премине во премирското столче бидејќи според него тоа не е експертско туку политичко решение.

Се губи смислата на тоа што го укажуваат, дека сме граѓанска држава, не они сметаат дека сме националистичка држава , они се делат според припадноста на луѓето, а не квалитетот. Зошто да не биде премиер Турчин, Србин, Ром, зопшто мора да е Албанец. Нивниот фокус е на национална припадност, вели политички Синиша Пекевски.

Пекевски сумира дека Албанец премиер нема да промени ништо конкретно,

Дали тоа ќе донесе напредок на Македонија како суверена држава ако донесе нема никаков нема проблем. Ако имаме високи плати, ако немаме економска криза, ред и поредок, владеење на правото. Ама не е така, се покажа дека се недопирливи за судството. Се грижат само за врвот и членовите на партијата, вели политички Синиша Пекевски.

Министерот и портпарол на ДУИ, Бујар Османи откри дека следната фаза на партијата која е подготвува е свој кандидат да стане претседател на државата. Согласно пржинскиот договор, на 28 јануари Талат Џафер ќе стане премиер во преодна влада до изборите на 8 мај, а од редовите на социјалдемократите допрва актуелиот координатор на пратеничката група Јован Митрески, треба да биде претседател на Собранието до неговото распуштање.

Претходно, лидерот на ВМРО ДПМНЕ изјави дека опозицијата е за укинување на техничка влада, но СДСМ и ДУИ не се согласија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста