Силен притисок од власта врз оризарите да го откажат утрешниот протест

Оризопроизводителите под закани и притисок да го откажат утрешниот протест. Уценувани се дека ќе останат брз субвенции, ваучери за зелена нафта. Некој од нив добиле и предупредување, доколку утре застанат на блокадите, нивни блиски ќе останат без работа.  Земјоделците се категорични, не отстапуваат од нивните барања. Уште еднаш го повикаа премиерот, утре да

  „Притисоци има од сите страни. Меѓутоа земјоделците ќе излезат. МНогу се огорчени. Ништо нема да ги спречи. Со најлошпи методи ги плашат земјоделците. Активисти на СДСМ одат од куќа на куќа и сакат ова некако да го угушат. ..Ни се закануват од отпуштњае на работни места, репресии. Ни се закануваат дека нема да земеме субвенции, бонови за зелена нафта. Со најразлични притисоци„ –изјави Здравко Арсов од Иницијативен одбор за спас на оризопроизводството.

Од 10 до 12часот регионалниот пат ќе биде блокиран во двата правци. Ќе се пропуштаат само возилата на Брза помош и противпожарните возила. Патот за сообраќак ќе биде затворен се додека на барикадите лично дојде премиерот Заев, категорични се земјоделците.

  „Има најава протестот да трае повеќе. Доколку министерот и премиерот не се појават утре , механизацијата ќе остане на патот… Па дали десет или петнаесет дена не знаеме. Се додека не дојдат нема да почне и жетвата„-изјави Арсов од Иницијативен одбор за спас на оризопроизводителите.

Оризопроизводителите од кочанскиот регион бараат производната цена на оризовата арпа да биде од 25денари па нагоре , како   и да се најде решение за неоткупените количини, како и пласман за новата реколта. Поради ниската откупна цена повеќе од една четвртина од минатогодишната реколта се чува во амбарите.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста