Си оди Заев или не- маневар или реалност: Театарот за неговото заминување уште „игра претстави“

Усно понудената оставка на премиерот Зоран Заев била испланирана веднаш по дебаклот во првиот круг локални избори, потврдуваат помалите коалициони партнери во владата. Ама дали бил однапред смислен театрално да биде соопштено на јавноста е дилемата која се наметна откако и по три дена од понудената оставка Заев нема поднесено никакво барање до Парламентот. Исто толку дена премиерот не се појавува и во јавноста, па се тактизира што значеше неговото уверување дека се повлекува од функциите – вистинско чувство на одговорност или чист маневар со поднесувањето на оставката за да ја задржи СДСМ на власт….

-Најавата за оставка во вториот круг е јасно дека му беше испланирано колку само да ја најави. Тоа му беше повод, но не е причината за негова оставка. Одлуката за неговото повлекување не не негова. Зоран Заев стана проблем за оние земји членки кои сакаат Бугарија да попушти, но состојбите во Македонија со неговото владеење се повеќе се влошуваат, изјави Донев.

Професорката по уставно право Гордана Силјановска Дафкова вели дека уставот не познава категорија повиклива или неотповиклива оставка – туку тоа е постапка на морален и личен чин.

-Зборот тежи. Кога ќе речам јас си заминувам, знам што значи тоа и со умот и со срцето и со совеста…Што е тоа давање оставки по телевизии, прво поднесете ја оставката, па појавете се на телевизија и покажете го документот, вели професорката.

Во јавноста се пласираат и сценарија дека оставката ќе била поднесена пред крајот на годината па па се калкулира и со имиња кои би го наследиле Заев ако навистина се повлече од премиерската фотеља. Од Илинденска дематираат…

-Не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември. Оставката е јасен чин на преземање одговорност. Во тек се консултации низ кои, органите на партијата, како и коалициските партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно, велат од кабинетот на Заев.

Но не виси само оставката од премиерската позиција, нема абер ниту од повлекувањето од претседателското место во СДСМ. Заев се уште писмено не го известил ниту членството за одлуката дека се повлекува која Заев ја најави пред медиумите веднаш по изборниот дебакл.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста