16-годишно девојче починало од Ковид на Инфективната клиника

16-годишното девојче од тетовското село Сиричино кое во тешка здравствена состојба поради Ковид -19 беше хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести ја изгубило битката со вирусот, дознава Алфа од извори на Клиниката.

За случајот со девојчето пред три дена информираше и директорката на Инфективна, Милена Стевановиќ која рече дека таа била хоспитализирана со многу тешка клиничка слика и нејзината состојба била критична.

Неофицијално, починатата немала претходни хронични заболувања.

Потврда за смртта на тинејџерката Алфа побара и во Министерството за здравство. Оттаму само кусо ни одговорија дека повеќе информации ќе има во текот на утрешниот ден.

Б.Б.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста