Се поништува аукцијата за луксузниот имот на Водно- два пато по грешка отишле со понуда од над 10 милиони евра

Се поништува аукцијата за луксузниот имот на Водно- два пато по грешка отишле со понуда од над 10 милиони евра

Нов скандал околу продажбата на луксузниот имот на Водно, кој беше запленет од контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Марковиќ, близок соработник со екс директорот на царина Драган Даравелски, пишува порталот Лидер.мк.

Како што објавува порталот Лидер, на електронската аукција, организирана од Агенцијата за управување со запленет имот, која се случила на петти месецов, понудената цената на оваа запленета парцела со куќа отишла на неверојатни над 10 милиони евра, што ги изненадило заинтересираните наддавачи ако се знае проценетата вредност на истата односно максималнодва2,5 милиони евра.

Понудата како што пишува порталот дошла од понудувач анонимен за редакцијата, а изненадувачка е затоа што ја надминува почетната цена за над 10 пати. Овој имот од Бирото за вештачење е проценет на околу 1 милион евра.

Директорот на Агенцијата за Управување со одземен имот Дритон Небиу, потврдил дека имале ваква понуда, но како што рекол , се работело за техничка грешка од страна на понудувачот и дека најверојатно ќе има нов оглас. Се разгледувале сите правни можности. Но според објавеното на порталот  техничкиот пропуст бил  сторен два пати, затоа што биле дадени две понуди од над 10 милиони евра.

Доколку сега се поништи огласот, тоа ќе биде негово второ пропаѓање.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста